Мафините секогаш се одличен избор

Мафините секогаш се добар избор за десерт и сите ги сакаат. Овие мафини со сигурност ќе ве воодушеват вас, но и другите.

Потребни состојки: 

За тестото:

-50 гр. брашно

-20 гр. шеќер

-1 лажица какао

-1/2 кесичка на прашок за пециво

-1 јајце

-30 мл. млеко

-30 мл. масло

За фил:

-80 гр. шеќер

-60 мл. млеко

малку вода

-30 грама печени, солени, малку искршени кикирики

large-2

Од шеќерот и млекото подгответе карамел

Оставете го карамелот малку да се излади, па ставете ги 30-те грама печени кикирики. Додека карамелот се лади, подгответе го тестото. Во чинија сипете брашно, шеќер, какао и прашок за пециво, измешајте го сето тоа со вилушка. Додадете едно јајце, 30 мл. млеко и 30 мл. масло, и сето тоа измешајте со цел да добиете една глатка смеса без грутки. Добиената сипете ја во тавче за мафини и печете во рерна.

Кога тестото малку ќе се излади, со мал остар нож направете мала дупка во средината, па во неа сипете го карамелот со кикириките. Можете да ги искомбинирате и по ваш избор.