И научно е потврдено дека е добро да се прави добро

Иако дарувањето и донирањето понекогаш се на штета на нашите финансиски можности, тие нѐ прават среќни и задоволни, тврдата швајцарски научници во студијата објавена во стручното списание Nature.

Со помош на функционална магнетска резонанца меѓународна група научници прецизно покажала кои невролошки мрежи се активираат кога ќе направиме добро дело.

На учесниците во истражувањето им е ветено дека во рок од четири седмици ќе добијат 25 швајцарски франци. Половината морала да вети дека парите ќе ги проследат натаму, на пример, како подарок за пријател, а втората половина испитаници, којашто претставувала контролна група морала да вети дека сите пари ќе ги потроши на себеси.

Педесетина учесници во истражувањето никогаш не ги добиле парите но штом ветиле дека ќе го спроведат она што од нив било барано, продолжиле да учествуваат во вториот дел од истражувањето во кое повторно требало да бидат великодушни. Научниците притоа со помош на функционална магнетна резонанца ја следеле активноста на нивниот мозок.

Членовите на групата којашто претходно биле во групата на великодушните во вториот експеримент донела уште повеликодушни одлуки. По завршувањето на експериментот научниците утврдиле дека тие биле позадоволни и посреќни од оние од контролната група, што значи дека постои поврзаност меѓу дарежливоста и великодушноста и чувството на задоволство и среќа.

Меѓу учесниците од „повеликодушната група“, научниците забележале поголема активност на темпоропариеталниот спој, односно слепоочно-темениот спој.

И претходно овој дел од мозокот бил поврзуван со великодушното однесување, вели Со Јунг Парк научник од Универзитетот во Лубек, кој раководел со ова истражување.

Научниците откриле промени и во поврзаноста меѓу TPJ-то и вентралниот стријатум, познат и како „центар за награда“ во кој се создава чувството на среќа и задоволство.

Без оглед на тоа дали сте го извеле пријателот на вечера, сте купил за партнерката или партнерот подарок или, пак, сте донирале пари за бездомници, великодушноста резултира со подобрување на расположението, а резултатите од истражувањето би може да бидат искористени за луѓето да бидат подучени на кој начин да го пронајдат задоволството во малите нешта.