Од Антарктик се одвои санта мраз тешка трилион тони колку половина Јамајка

Дел од западниот глечер Ларсен Ц – еден од најголемите од шкрилестите ледници на Антарктик – со тежина од илада милијарди тони и со површина од 5.800 квадратни колометри, или територија споредлива со онаа на половина Јамајка – се оделила и слободно плута кон север, и ја формира една од најголемите во историјата на набљудувањето на ледените плочи, пренесуваат светските агенции во средата повикуваќи се на научниците кои со месеци ја следат растечката пукнатина во мразот.

„Формирањето на ледената санта се случило помеѓу понеделникот 10 јули и средата 12 јули, кога дел од ледникот Ларсен Ц со површина од 5.800 квадратни километри, конечни се оддели“, соопшти Универзитетот Свонси во Велс.

Сантата е долга 175 и широка 50 километри и е една од најголемите брегови од мраз кои научниците ги регистрирале последните години и ќе бидат потребни две до три години сосема да се истопи, соопшти институтот „Алфред Вегенер“ во Бремен.

Причината за одвојувањето е големиот процеп на Ларсен Ц кој се создаваше со години. Ледените гребени се големи парчиња мраз кои плутаат и кои заедно ги држат ледниците или ледените плочи. Целиот ледник Ларсен се состои од четири дела, од кои Ларсен Ц е најголемиот. Претходно истражувачите предупредуваа дека доколку сантата мраз се отцепи, тоа ќе доведе до губење на една десетина од целиот ледник.

Експертите од групата „Midas Project“, која ги следи случувањето на Антарктик, претходно соопштија дека нема докази оти раседлината во мразот се појавила поради климатските промени.

Ледникот Ларсен првично се состоеше од три дела: Ларсен А, Ларсен Б и Ларсен Ц. Во текот на последните половина век температурата на Антарктичкиот полуостров се зголемила за 2,5 Целзиусови степени. Според некои размислувања, климатските промени довеле до тоа во 1995 година Ларсен А со површина од 4.000 квадратни километри, да биде целосно распаднат. Во почетокот на 2000-те години, од ледениот брег Ларсен Б се откина дел со површина над 3.000 километри.

Во декември минатата 2016 година американската агенција за вселенски истражувања NASA објави авионски снимки коишто покажуваа дека на Ларсен Ц се појавила гигантска пукнатина со должина од 112 километри, широчина од околу 100 метри и длабочина од околу 500 метри. Годинава таа брзо се зголемуваше и на почетокот од јули се зголеми на 200 километри во должина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.