Магазин

Овошен ролат кој не се пече

Овошен ролат кој не се пече

Вкусниот ролат збогатен со сочниот шмек на овошје е идеален за сите љубители на слатките, од најмлади до најстари.

Се подготвува брзо, лесно и без печење.

Потребни состојки:

  • 250g маргарин
  • 300g мелени бисквити
  • 150g шеќер во прав
  • 4 јаболка
  • 3 пасирани банани
  • 4 цели банани
  • 100g чоколадо за глазура
  • 1 лажица масло

Подготовка:

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити.

Добро промешајте и соединете ја смесата, а потоа додадете ги ренданите јаболка и пасираните банани. Соединете ја смесата, па раширете ја на фолија како тесто.

Поделете ја на 2 еднакви дела, а во средината на секој дел ставете по две цели банани. Замотајте во форма на ролати и ставете ги во ладилник неколку часа, додека се стврднат.

Пред послужувањето, ролатот премачкајте го со растопено чоколадо во кое ќе додадете 1 лажица масло.