Почина италијанската манекенка и актерка Елза Мартинели

Елза Мартинели во периодот на најголемата слава во 1957/ ANSA

Славната италијанска актерка Елза Мартинели почина во саботата во својот дом во Рим на 82-годишна возраст, пренесуваат италијанските медиуми повикувајќи се на извори блиски на нејзиното семејство.

Мартинели е поранешна италијанска манекенка и актерка, којашто врвот на кариерата го имаше кон кранот на 1950-те и 1960-те години, глумејќи во домашни и во холивудски филмови.

Додека уште била фото-модел ја забележал американскиот актер Кирк Даглас и ѝ ја понудил улогата на Индијанка во филмот „индијански борец“.

Во кариерата има снимено шеесетина филмови, меѓи кои и култниот „Процес“ на Орсон Велс и „Да се умре од задоволство“ на Роже Вадим.