Прераспоредување на судии во Врховен

Пред неколку денови во Врховниот суд имаше нови преарспределувања на судии, а од стручната јавност постојно има критика за прасата судиите да се преместуваат од еден оддел во друг оддел.

Министерот за правда, Билен Саљији, најави дека работна група во министерството за правда ги разгледува сите забелешки во извештајот на германскиот правен експерт, Рајнахард Прибе вклучително и онаа за преместување на судии од кривична да работат на граѓанска материја.

Судијката Лидија Неделкова, која е исто така неколкупати прераспоредувана во различни оддели во Врховниот суд, поднела приговор за нејзината последна распределба во нов оддел, објави Макфакс.

Неделкова тврди дека одлуките за нејзино прераспоредување се незаконски и спротивни на судскиот деловник и Законот за судови.

Taa во приговорот до судиите пишува дека на Македонија не ѝ треба Прибе за да се разбере и прифати дека не треба да се приватизира фунцкијата претседател на Врховниот суд.

Неделкова им пишува на судиите дека работи на кривична материја 32 години и дека одлуката за нејзино прераспроедување е поради личниот и негативен став и анимозитет на претседателот на судот, Јово Вангеловски.

За нејзиното распоредување од еден во друг оддел, Неделкова пишува: „Ова е исто како да распоредите доктор специјалист по кардиологија, да работи како доктор специјалист по гинекологија“.