Свет

Магазинот „Тајм“ го прогласи папата Франциско за личност на годината

Магазинот „Тајм“ го прогласи папата Франциско за личност на годината

Американскиот часопис „Тајм“ го прогласи папата Франциско за личност на годината.

„Тој го зема името на скромен светец, а потоа ја повика Црквата да биде исцелителска. Првиот неевропски папа во овие 1200 години е подготвен да го преобрати местото каде што се потребни векови за да се промени,“ наведуваат уредниците на „Тајм“.

Уредниците на Тајм минатата година по втропат го избраа американскиот претседател Барак Обама за личност на годината како „архитект на новата Америка“. Обама, веднаш по изборот за претседател на САД, ја понесе титулата Личност на годината 2008 година.

Аргентинецот Хорхе Бергољо (76) е скромна личност, способен администратор и човек со длабока вера.
Тој исто така по многу работи е прв, прв папа со неевропско потекло во современата историја, прв поглавар од Јужна Америка и прв језуит на чело на Римокатоличката црква.