Магичен лек против комарци

Со зголемувањето на температурите, се појавуваат и најомразените инсекти-комарците. Тогаш ни се чини дека овие мали инсекти секогаш нам повеќе ни досадуваат отколку на другите, а неодамна ваквото тврдење доби и научна потврда. Сепак, за успешно справување со нив, ви претставуваме магично средство кое успешно ќе ви помогне да се одбраните од нив.

Откако си го приготвите, ќе може да работите спокојно навечер во градината или да се шетате во паркот или дворот, игнорирајќи ги овие досадни инсекти. Состојките на овој чудесен рецепт веројатно може да се најдат во секој дом, бидејќи тоа се работи кои ги користиме речиси секојдневно.

За подготовка на рецептот потребно ви е природно растително масло, шампон, природен оцет со концентрација 9% (не користете синтетичка оцетна киселина)

Начин на приготвување:
Измешајте ги сите состојки во еднакви количини и добро промешајте. Ќе добиете детергент, сличен на бела емулзија. Намачкајте ги со него сите откриени делови од телото, пред да излезете надвор и сами ќе се уверите во ефектот на овој домашно приготвен рецепт.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.