Магична храна што го намалува чувството на анксиозност

Станува збор за режим на исхрана што воопшто не е ограничен, а во телото создава чувство на смиреност.

Ако секојдневните чувства на нервоза и стрес редовно ве туркаат кон фрижидерот, тогаш внимавајте што јадете! Добриот избор на храна може значајно да влијае врз подобрувањето или врз вложувањето на состојбата.

Како што пишува Д-р. Ума Наиду за Харвард Хелт, правилниот начин на исхрана, внесувањето големи количества вода, избегнувањето на алкохолот и кофеинот, како и некои други правила во исхраната значајно може да го олеснат чувството на анксиозност.

rabota_se_smachiii

За почеток немојте да ги прескокнувате оброците. Тоа доведува до нагло опаѓање на нивото на шеќер во крвта што ги влошува проблемите со анксиозноста. За да се храните здраво и да можете да се опуштите и полесно да се носите со анксиозноста, Д-р. Наиду препорачува редовно внесување на следната храна:

Зголемете го внесувањето на магнезиум. Него го има во месестите листови, мешунките, семките, оревите и сличните плодови и во целите житарки.

Јадете повеќе цинк. Во превод јадете индиски оревчиња, џигер, говедско месо и жолчки.

Омега – 3 масните киселини што во најголеми количества се наоѓаат во рибата (особено во лососот) помагаат за намалување на анксиозноста.

Пробиотиците се ваши пријатели, поточно киселата зелка, киселите краставички и кефирот би требало да станат дел од вашата секојдневна исхрана.

И конечно, кралот на здравата храна – авокадо. Храната богата со Б витамини, како што е авокадото или бадемот помага за ослободување на невронските преносници на серотонин и допамин што помага да ви се стабилизира расположението.

Секако, доколку се борите со сериозен облик на анксиозност, храната неможе да ја замени традиционалната терапија, но неможе ниту  да наштети.