Магла и влажни коловози го отежнуваат сообраќајот

Возете внимателно бидејќи магла со видливост до 100 метри има на патниот правец Тетово-Попова Шапка и Стража.

Во периодот од седум до 19 часот, поради загаденоста на воздухот во Скопје има забрана на движење на камиони и промена во режимот на движење, односно истите се пренасочуваат по обиколницата.

Сообраќајот на сите патишта нив Македонија се одвива без забрани, претежно по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не преставува проблем за нормално одвивање на собраќајот. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.