Магла кај Гостивар и Струмица

Поради магла намалена видливост има кај Гостивар и Струмица 50 метри и Крива Паланка и Павлешенци 30 метри.

Утринава, како што информира УХМР, во поголемиот дел од земјата времето е ведро и претежно тивко.

Долж Повардарието и во дел од котлините има магла. Во Гевгелиско и во Крива Паланка дува слаб до повремено умерен северозападен ветер. Утрово поинтензивна магла е забележана во Скопје, Тетово, Штип, Демир Капија, а намалена видливост има во Струмица и во делови од Пелагонија.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

Од АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.