Македонија

Магла кај Крушево и на планинскиот превој Стража

Магла кај Крушево и на планинскиот превој Стража

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.Магла со видливост до 50м во Крушево и пл.превој Стража до 100м. Слаб дожд врне во целиот југо-западен дел на Македонија. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Од АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.