Магла кај Страцин, Тетово и на Стража

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Како што информира АМСМ, магла со видливост од 50-100 метри има кај Страцин, Тетово и на планинскиот премин Стража.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Забрана за камиони на патот Тетово – Попова Шапка

Забрана за тешки товарни возила и автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а превентивно се воведува на планинските превои Стража и Маврово. За останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Забрана за камиони на патот Тетово – Попова Шапка
Забрана за камиони на патот Тетово – Попова Шапка

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.