сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Магла на дел од патните правци

magla

Поврзани вести

Намалена видливост поради магла изутринава има на патните правци со видливост од 30 до 50 метри на патните правци Тетово-Скопје, Велес-Градско, Неготино- Демир Капија и Сарамзалино-Штип.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Најчитани вести