Магла на дел од патните правци, авиосообраќајот отежнат

Отежнат сообраќајот поради појава на магла од која видливоста кај Петровец, Маџари, Кочани, Неготино и Македонски Брод е од 100 до 150 метри, а од 30 до 50 метри на патиштата кај Тетово, Велес, Кула и Штип.

Поради магла отежнат авиосообраќајот
Поради магла отежнат авиосообраќајот

Поради маглата отежнато се одвива и авиосообраќајот на скопскиот аеродром. Дел од летовите се откажани, дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија. Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајдховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг.

Од ноќеска не е реализирано слетување на скопскиот Аеродром. Пренасочени кон софискиот аеродром се летовите од Виена, а кон Охрид летовите од Малме и Барселона. Лет е откажан од Истанбул.

Според прогнозата на УХМР по котлините претпладне ќе магливо и се очекува попладне во некои од котлините да се расчисти. И во наредните денови се очекува магла по котлините.