Магла на дел од патните правци

Поради магла, намалена видливост на дел од патните правци. Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла има на патните правци Градско, Неготино и Демир Капија, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.