Магла на неколку патни правци, авиосообраќајот се одвива без проблеми

Поради магла во Тетово, Гостивар, Велес, Неготино, Демир Капија и Петровец е намалена видливоста на патиштата од 50 до 100 метри, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ сообраќајот се одвива нормално. Според информираците објавени на веб страницата на аеродромот, досега се реализирани сите планирани полетувања и слетувања, освен летовите за Истанбул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.