Македонија

Состојба на патишта Магла на одредини патни правци

Магла на одредини патни правци

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Македонски Брод – Прилеп и Неготино – Демир Капија, соопшти изутринава Дисперечскиот систем на ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.