Македонија

Магла на патниот правец Делчево-Македонска Каменица

Магла на патниот правец Делчево-Македонска Каменица

Магла на патниот правец Делчево-Македонска Каменица. Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и по наместа влажни коловози.

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Делчево-Македонска Каменица е намалена до 100 метри, информира ЈП Македонија Пат.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.