Магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка и во Крушево

Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка и до 100 метри во Крушево.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково