Магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, видливоста до 50 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа  влажни коловози. Слаби врнежи снег се бележат во Маврово и на планинскиот превој Стража, а на патниот правец Лисец – Попова Шапка – Лисец поради магла видливоста е намалена на 40 – 50 метри.

Според ЈП Македонија пат, во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.