Магла на патниот правец Страцин – Кратово – Пробиштип и на Плетвар

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Појава на магла има на патниот правец  Страцин – Кратово – Пробиштип вид. 50-100м. и на планинскиот превој Плетвар вид. 50 – 60м.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.