Магла на патните правци Страцин-Куманово, Тетово – Попова Шапка и Прилеп – Крушево

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на патните правци Страцин-Куманово, Тетово – Попова Шапка и Прилеп – Крушево, информира ЈП Македонија пат.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.