Магла на патот Дебар – Маврово, на Стража и Попова Шапка

Магла на дел од патните правци. Како што информира АМСМ, магла со видливост 50 – 100 метри има на патен правец  Дебар – Маврово, на планинскиот превој Стража и Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Задолжителна зимска опрема

Задолжителна зимска опрема
Задолжителна зимска опрема

Од 15-ти Ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Каква е состојбата на автопатите во земјава?

Според ДЦС МВР, по извршената контрола и увид на поставената патна сигнализација за времена измена на режим на сообраќај заклучно со 28.12.2015 година, состојбата е следна: aвтoпат Велес – Куманово – сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, aвтопат Куманово – Велес – нема изменет режим,  aвтопат Скопје – Куманово – сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сé до приклучокот на автопат Велес -Куманово, aвтопат Тетово – Велес – запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.

Инаку, како што информираат од АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.