Магла на патот Петровец – Катланово, видливоста само 100 метри

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката  се одвива тековно, по суви коловози, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Магла со видливост до 100 метри имаме на патот Петровец-Катланово. На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни.  Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.