Магла на патот Скопје – Демир Капија

Поради магла, намалена видливост има на патот Скопје – Демир Капија. Како што информира АМСМ видливоста на патните правци Скопје-Велес-Градско-Неготино-Демир Капија и Сарамзалино е од 50 до 100 метри.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози во пониските и наместа влажни коловози на повисоките места.

Магла на патот Скопје – Демир Капија
Магла на патот Скопје – Демир Капија

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Можна појава на одрони на дел од патните правци

Можна појава на одрони на дел од патните правци
Можна појава на одрони на дел од патните правци

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Задолжителна зимска опрема

Од 15-ти Ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.