Македонија

Магла на Плетвар, видливост до 50 метри

Магла на Плетвар, видливост до 50 метри

Поради појава на магла намалена е видливоста до 100 метри на патниот правец кај Пресека и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.