Магла на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Крушево

Поради појава на магла намалена видливост има на следниве патни правци: Гајре – Попова Шапка од 20 до 30 м, Крак Маврово до 10 м, Плетвар од 50 до 100 м и во Крушево од 50 до 60 метри, извести ЈП Македонија Пат.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.