четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 40

Магла на Стража, Плетвар и Маврово-Бунец

agla

Последни вести

Поради појава на магла, видливоста на Стража е намалена на 60 – 80 метри, на Плетвар 70 – 100 метри, а на кракот Маврово – Бунец на 10 – 15 метри.Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

Најчитани вести