Магла на Стража, одрони во клисурите и засеците

Вечерва возете внимателно: Маглата ја намали видливоста на 50 метри
Вечерва возете внимателно: Маглата ја намали видливоста на 50 метри

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 70м има на Стража.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината на условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.