Магла на Тетово, Попова Шапка, Прилеп, Кичево, Македонски Брод

Магла на дел од патните правци. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по претежно суви коловози освен на осојничавите места.

Магла со видливост до 50 метри има кај Тетово, Попова Шапка, Прилеп, Кичево, Македонски Брод. На останатите патни правци видливоста е 100-150 метри.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.