Магла на Попова Шапка и Стража

Магла на Попова Шапка и Стража. Видливоста на Попова Шапка е намалена на 40 – 50 метри, а на Стража 50 – 100 метри. Како што информира АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

Можна појава на одрони на дел од патните правци

Можна појава на одрони на дел од патните правци
Можна појава на одрони на дел од патните правци

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Задолжително понесете зимска опрема

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.