Македонија

Магла со видливост до 20 метри на Крак-Маврово

Магла со видливост до 20 метри на Крак-Маврово

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Магла со видливост до 20метри на Крак-Маврово.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.