петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 53

Магла во Делчево, сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно по влажни коловози, а магла со видливост од 50 до 100 метри има во Делчево.

патот

Поврзани вести

Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.

Оттаму информираат дека нивните екипи постојано се на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Најчитани вести