Магла во Крушево и на Пресека

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози.
Слаб снег паѓа на П.Шапка и Маврово,кој засега не се задржува на коловоз, додека во југозападниот дел од републиката врне дожд.

Магла со видливост до 50м има на Крушево и Пресека.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,
како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.