Маглата ги приземји авионите во Скопје

Густата магла која што го опколи скопскиот аеродром „Александар Велики“  го оневозможи авионскиот сообраќај од и до главниот град.

Според информациите од официјалната интернет страница на ТАВ Македонија утрово поради маглата откажани се две полетувања, а две се одложени.

На аеродромот денеска останаа патниците кои требаше да летаат кон Загреб со авионот на „Кроатиа ерлајнс“ во 5,50 часот, како и оние чија дестинација требаше да биде Истанбул со „Туркиш ерлајнс“ чие полетување беше закажано за 9,10 часот.

Летовите на „Визер“ за Дортумд и аеродромот Мулхаус се одложение бидејќи авиониот на оваа компанија не ни слетаа во Скопје исто така поради маглата.

Оние пак кои патуваат кон Скопје исто така останаа да чекаат на аеродромите во Истанбул и Дортумнд.

 

Од Контролата на летови во Петровец велат дека маглата е премногу густа и видливоста е сведена на минимум, а во следните неколку часа не очекуваат подобрување на временските услови.

 

„До 11 часот не се очекуваат никакви промени во состојбата со маглата, која е спуштена многу ниско и видливоста е многу мала. По 11 часот се очекуваат нови податоци и доколку маглата се расчисти ќе имаме нормален сообраќај“, вели Гзиме Асани од Контрола на летови.

 

Според податоците од Ведерандергроунд моменталната видливост на пистата на „Александар Велики“ само 500 метри, а температурата е минус седум степени.