Маглата повторно прави проблеми на „Александар Велики“

Шест летови утрово се откажани поради густата магла на аеродромот „Александар Велики“  во Скопје.

Според информациите на официјалната страна на аеродромот, утрово се откажани три слетувања и три полетувања, додека два лета доцнат.

Откажани се две полетувања кон Цирих и едно кон Истанбул, бидејќи претходно авионите кои доаѓаа од овие дестинации не пристигнаа на аеродромот во Скопје поради лошите временски услови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.