Маглата повторно предизвикува потешкотии на патиштата

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката  се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 50  100 метри поради, магла имаме кај Страцин, Делчево, Смојмирово, Тетово, Плетвар, Ресен, Охрид и Струга, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.