Магловито и облачно време

Времето денеска ќе биде стабилно со магла и ниска облачност по котлините. Кон крајот на денот и ноќта ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови со повремен слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од седум до 15 степени.

Во Скопје слично време, стабилно со магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Врнежите од дожд ќе продолжат и во сабота кои во западните и југозападните делови ќе бидат со умерен интензитет.

За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, особено претпладнето.

Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.