Македонија

Маицата со СЈО заврши во ѓубре (ВИДЕО)

Маицата со СЈО заврши во ѓубре (ВИДЕО)

Лидерот на ЛДП Горан Милевски познат по бледите настапи кои не оставиле никаков печат на работата на Собранието, вчера од говорницата се обиде да биде интересен со надеж дека граѓаните ќе паметат барем еден негов настап, поради кореографијата на истиот.

За таа цел Милевски на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски му подари маичка со ознаките на Специјалното Јавно Обвинителство. Спикерот Вељаноски го прими подарокот, а момент потоа го фрли во ѓубре, пишува порталот Журнал.