Маја од Лешани не е убиена и не е жртва на трговија со луѓе

Четиринаесетгодишната Маја Блажеска од охридското село Лешани, чие замрзнато тело беше пронајдено на Илинска Планина минатата недела не е убиена и не била жртва на трговија со луѓе.

Портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски, истакна дека сите фактички елементи и резултати од обдукцијата упатуваат на тоа дека нема елементи на кривично дело и на постоење на сторител.

Тој потенцираше дека и обдукцијата го потврдила  тоа што инспекторите и обвинителот го констатираа на местото на настанот, а тоа  е дека на телото нема траги од насилство. луѓе, тоа јасно ќе го истакневме – објаснува Димоски.

Димоски открива дека за време на истрагата на полицискиот тим од СВР Охрид, неколку лица биле ставени на полиграфското тестирање, но не прецизира кои се тие лица и што покажале резултатите од детекторот на лаги.

Полицијата исклучува секаква можност член од семејството на било каков начин да е одговорен за нејзиното исчезнување и смрт.