Маја Парнарџиева-Змејкова учевствуваше на седмиот Меѓународен конгрес на нови технологии во стоматологијата

Во договорите со општата стоматологија, по барање на Стоматолошката комора, ФЗОМ обезбеди флексибилен пристап, со кој им овозможи на стоматолозите покрај примарната здравствена заштита да пружаат специјалистички услуги, што се надвор од услугите што ги покрива Фондот кај специјалистите стоматолози.

За специјалистите Фондот овозможи квартален начин на фактурирање, односно се даде можност самите специјалисти да си го одредат обемот на работа во текот на тромесечието. Со последните измени во позитивната листа, направени се корекции во индикациите на лековите што можат да ги препорачуваат стоматолозите по сугестија на стоматолозите, истакна директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова на седмиот Конгрес на нови технологии „Естетска стоматологија – уметност и наука. Овој меѓународен конрес е под покровителство и во коорганизација на Стоматолошката комора на Македонија со Хрватската комора на дентална медицина, Стоматолошката комора на БиХ и Здравнишката комора на Словенија,.

Парнарџиева-Змејкова ја истакна важноста од направените бројни реформи со кои значајно се олеснуваат процедурите, воведените електронски услуги и електронска комуникација со стоматолозите, што претставуваат сериозни заштеди на нивните ресурси, како што е елиминирање на 5000 месечни посети на Фондот од страна на стоматолозите. Исто така, сегашните договори на стоматолозите со ФЗОМ се во времетраење од 5 години. Како Фонд секогаш сме се работеле транспарентно и конструктивно соработуваме со сите страни од здравствениот систем, а особено ја продлабочуваме конструктивната соработка со стручните здруженија, односно со коморите. Потребен е позитивен и партнерски однос на двете страни, истакна директоркта на ФЗОМ.

Како најава на плодната соработка што во наредниот период Фондот ќе ја реализира со Стоматолошката комора на Македонија, Парнарџиева-Змејкова инфромираше за редовните годишни преговори за текстот на договорите меѓу Фондот и стоматолозите. Исто така, отворено се започнува со дискусијата за системските прашања и следните чекори за подобрување на состојбата.

Земајќи ги предвид случувањата на глобално ниво, за разлика од голем број земји кои во потрага по рационализација исклучија дел од стоматолошките услуги од основниот пакет, во Македонија, стаутусот на стоматологијата е на истото високо ниво. Фондот има договор со 1110 матични стоматолози и 221 стоматолози специјалисти, како и договор со универзитетските клиники.