Мајами и Сан Антонио во финале

Тимовите на Мајами и Сан Антонио се пласираа во финалето на Источната односно Западната конференција откако славеа во петтите полуфинални дуели против Бруклин односно Портланд, за вкупни победи од 4-1.

Мајами со пресврт стигна до триумф од 96:94 против Бруклин со 4:1 во победи се пласира во финалето. Леброн Џејмс ги предводеше “жешките” до победата со 29 поени и девет скока, додека Двејн Вејд имаше 28 поени. Кај Бруклин Џо Џонсон реализираше 34 поени кои не му помогнаа на неговиот тим да се извлече од поразот.

Сан Антонио убедливо го совлада Портланд со 104:82 и исто така со 4:1 во победи и се пласираше во финалето.
Грин и Ленард постигнаа по 22 поени, Милс имаше 18, а Тим Данкан мечот го заврши со 16 поени. Во тимот на Портланд најефикасен беше Ламаркус Олдриџ со 21 поени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.