Мајами израмни на 1:1 против Сан Антонио

Кошаркарите на Мајами го добија вториот натпревар од финалната серија во НБА лига против Сан Антонио со 98:96 и израмнија на 1:1 во победи. Предводник до победата на “жешките” , очекувано беше Леброн Џејмс, кој поголемиот дел од натпреварот сам го држеше резултатото во егал, додека во последната минута постигна тројка , а за конечен триумф му асистираше и на Двејн Вејд.

Леброн натпреварот го заврши со 35 поени , 10 скокови , 3 асистеции и 2 украдени топки. Во таборот на “мамузите” најмногу се истакна Тони Паркер со 21 поен и 7 асистенции , додека Ману Џинобили беше стрелец на 19 поени.
Финалната серија продлжува во втрник во Мајами, каде ќе се одиграат два натпревари, а потоа по седум дена повторно ќе се игра во Тексас.