Мајами ја запре победничката серија на Бостон

Големата низа од 16 победи на Бостон Селтикс беше запрена ноќта кон четвртокот од Мајами Хитс кој победи со 104:98. Така Селтикс ја надмина победничката серија од 14 победи од 2009 година, додека клупскиот рекорд изнесува 19 триумфи во низа.

Тимот од Флорида водеше речиси во текот на целиот натпревар, а во втората четвртина имаа најголеми 18 поени разлика, на крајот од третата четвртина 16 разлика, а на шест ипол минути пред крајот и натаму имаа високи 14 разлика (91:77). Меѓутоа, следеше серија на Селтикс од 13:0 со којашто гостите дојдоа до 90:91, на малку повеќе од три минути до сирената, а тогаш домашните имаа многу среќа кога обидот за „тројка“ на Дион Вејтерс удри во обрачот, топката се оди до врвот на таблата и потоа мина низ обрачот за 94:90. Вејтерс во следниот напад на Хитс погоди за уште една „тројка“ за 97:90 и обезбеди победа за домашните.

Кај Мајами најдобри беа Горан Драгич со 27 кошови и Вејтерс со 26 поени, додека кај Бостон беа Кајри Ирвинг со 23 и „рукито“ Џејсон Тејтам со 18 поени.

Кошаркарите на Филаделфија 76-сиксерс продолжија со одличните игри, и во 17-те мечеви ја остварија 10-та победа, надигрувајќи ги на својот паркет Портлант Трејл Блејзерс со 101:81. Домнашните страшно го отворија мечот со серија 16:0, и стекната предност не ја испуштија до крајот. Гостите од Портланд најмногу се приближија во втората четвртина во еден момент намалија на осум поени разлика (34:42).

Брилјираше Џоел Имбиид со 28 поени и 12 скокови, а уште една сестрана партија пружи и новиот Бен Сајмосн со 16 кошови, 8 скокови и 9 асистенции, ддеоак кај Блејзерс најдобар беше Демиен Лилард со 30 кошови.

Многу интересен беше мечот и во Феникс, каде Милвоки Бакс ги совладаа домашните Санс со 113:107 по продолженијата. Гостите на дуелот настапија без својот најдобар играч Јанис Атетокунмпо, но него со одлични партии го надоместија Крис Мидлтон, кој средбата ја заврши со 40 кошови и 9 скокови, како и до неодамнешниот играч на Санс, Ерик Бледшо со 30 поени, 6 скокови и 7 асистенции. Кај домашните најефикасен беше Девин Букер кој постигна 23 кошови, вклучително и „тројката“ со звукот на сирената со кој избори продолженија. Но во дополнителните пет минути стана трагичар бидејќи при резултат 109:107 за Бакс промаши полагање за изедначување на 30 секунди до крајот, а потоа при истиот резултат промаши и скок-шут на седум секунди пред истекот на времето. До крајот на мечот Мидлтон ги погоди сите четири слободни фрлања за конешните 113:107.

Покрај Букер, кај домашните многу добра игра прикажа и поранешниот играч на Бакс, Грег Монро со 22 кошови и 15 скокови, а Драган Бендер постигна 11 поени со 6 скокови, 2 асистенции, 2 освоени топки и една блокада.

Актуелните шампиони Голден Стејтс Вориорс претрпеа тежок пораз од 91:108 на гостувањето кај Оклахма Сити Тендерс. Домашните на крајот од третата четвртина имаа дури 26 поени предност (94:68), па во последната делница гостите само можеа да го ублажат поразот. Многу расположен беше минатогодишниот МВП на лигата Расел Вестбрук кому му недостигаше само една асистенција да стаса до „трипл-дабл“, а средбата ја заврши со 34 кошови, 10 скокови и 9 асистенции. И другите двајца членови од „големата тројка“ на Тендерс, кармело Ентони и Пол Џорџ, посигнаа над дваесет кошови – Ентони 22 а Џорџ 20 со 11 скокови. Кај Вориорс најефикасни беа Стеф Кари со 24 и Кевин Дуран со 21 поен.

Со овој пораз Вориорс ја отстапија водечката позиција во Западната конференција, и сега паднаа на соодосто во победи и порази од 13-5, додека Хјустон Рокитс со убедливата победа од 125:95 против Денвер Нагетс застанаа на чело со скорот 14-4.

Вицешампионите Кливленд Кавалирс ја остварија шестата победа во низа совладувајчи го Бруклин Нетс со 119:109. Леброн Џемјс ги предводеше Кавс со 33 кошови, Кевин Лав додаде 18 поени со 10 скокови, додека Рондеј Холис-Џонсон кај Нетс беше најефикасен со 20 поени.