Мајами минимално поразен од Бруклин

Актуелниот шампион во НБА лигата, тимот на Мајами претрпе минимален пораз од Бруклин со 96:95, ЛА Клиперс ја забележа деветтата, а Сан Антонио осмата победа на синоќешните натпревари во најквалитетното кошаркарско натпреварување.

Во победата на Сан Антонио, покрај најефикасниот Милс, посебно се истакнаа Дени Грин со 14 поени и шест скока, Ману Џинобили со 13 поени и четири асистенции, како и Сплитер и Тим Данкан со дабл-дабл ефект. Аргентинецот со 12 поени и 10 скока, а Данкан со 10 поени и 12 скока.

Резултати: Сан Антонио – Портланд 103:90, Феникс – Кливленд 101:110, ЛА Клиперс – Голден стејт 111:98, Мајами – Бруклин 95:96, Орландо – Денвер 112:120, Филаделфија – Сакраменто 98:115, Торонто – Детроит 101:87, Вашингтон – Шарлот 85:98, Бостон – Њујорк 92:116, Мемфис – Њу Орлеанс 90:88, Далас – Јута 108:101