Мајами на победа до пласман во финалето на Истокот

Бранителот на титулата во НБА лига , тимот на Мајами Хит го совлада Бруклин со 102:96, и е на една победа до пласман во финалето на Источната конференција. На Западот, Портланд го победи Сан Антонио од 103:92 и го намали резултатот на 1:3 во победи во полуфиналето.

Леброн Џејмс блескаше на овој натпревар со 49 поени (16/24 од игра), со што го израмни својот личен рекорд во плејофот. Двејн Вејд постигна 15, а Крис Бош 12 поени во победата на актуелниот шампион.

Во редовите на Бруклин, Џо Џонсон постигна 18, а Пол Пирс го заврши натпреварот со 16 поени.

Портланд до победата над Сан Антонио од 103:92, стигна благодарение на одличната игра во третата четвртина која ја доби до 15 поени (35:20).

Најдобар во редовите на победникот беше Демијан Лилард со 25 поени.