„Мајами“ направи брејк и изедначи против „Филаделфија“

Кошаркарот на „Мајами Хит“, Двејн Вејд влезе во историјата на НБА лигата, откако во ноќешниот натпревар против „Филаделфија“ влезе меѓу првите десет на листата на играчи со најмногу кошеви постигнати во плеј-офот.

Кошаркарите на „Мајами“ направија брејк и славеа на гостински терен во Филаделфија со 113:103 во вториот меч од доигрувањето и го изедначија резултатот во серијата на 1:1.

Многумина помислија дека од кошаркарската кариера на Двејн Вејд нема повеќе ништо, но очигледно е дека тој во екипата на „Мајами“ се чуствува најдобро. Така беше и на овој меч каде 36 годишниот ветеран ја предводеше својата екипа до важен триумф. Во моментот кога го постигна 17 поен, Вејд го премина легендарниот Лери Бирд според кошгетерскиот учинок во доигрувањето, па сега е на 10 место со 3.910 коша, а Бирд остана на 3.897 поени.

Домаќините подобро го отворија мечот и првата четвртина ја добија со седум разлика, но одлучувачки период беше втората четвртина која „Мајами“ ја заврши со 34:13, што беше пресудно да направат брејк и во добра атмосфера да го пречека продолжението на серијата.

Кај гостите, освен Вејд, кој дуелот го заврши со 28 поена, се истакна и словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ со 20 поени. Во тимот на „Филаделфија“ уште една одлична партија пружи Хрватот Дарио Шариќ, кој постигна 23 поени и девет скока, како и Бен Симонс кој беше на граница на трипл-дабл со 24 коша, девет скока и осум асистенции. Кај домаќините не настапи Џоел Ембид, поради повреда на главата.