Мајами направи брејк и израмни на 1:1 против Индијана

Кошаркарите на Мајами ја совладаа Индијана во вториот финален натпревар во Истoчната конференција во НБА лига со 87:83 и израмнија на 1:1 во победи.

Бранителот на титулата до победата стигна благодарение на извонредната престава на Леброн Џејмс и Двејн Вејд кои заедно постигнаа 45 поени, 12 скокови и 11 асистенции.

Во поразениот тим најефикасен беше Ленс Стивенсон со 25 поени , 7 асистенции и 6 скокови. Финалната серија продолжува во Мајами , каде ќе бидат одиграни наредните два натпревари.