Мајами пред и по ураганот Ирма (ВИДЕО)

Видео снимка на која се гледа како Мајами изгледаше пред и по ураганот Ирма покажува колкава штета е направена во тој град на Флорида.

Улиците се поплавени, искорнети се стебла, уништени се далекуводи, поради што четири милиони луѓе останаа без електрична енергија.

Поплавен е и најголемиот аеродром на Флорида.

Метеоролозите се’ уште предупредуваат на појава на невреме во местата која ги уништи Ирма.